Фудбалер на Динамо Дрезден „пукна“ на телевизија по седмиот меч за 19 дена (Видео)

Еден од најголемите клубови од источниот дел на Германија, Динамо Дрезден, на две кола до крајот, практично е испаднат од втора во трета лига и само чудо може да му донесе бараж. Синоќа го претрпеа третиот пораз по ред, а за тоа ја обвинија Фудбалската федерација на Германија поради една контроверзна одлука.

Левиот бек Крис Лове во изјавата по мечот со Кил беше на работ да заплаче и користеше навредливи зборови за Федерацијата.

„Мислите дека некој од Федерацијата го заболе за нас? Ние играчите сме тие кои ја плативме е…… цена поради нивните срања“, рече револтираниот Лове, кој беше многу лут и по мечот фрлаше столчиња кои беа покрај теренот.

Зошто играчите и навивачите на Динамо го обвинуваат раководството на лигата? По појавата на корона-вирусот во тимот, им беше наредено целиот тим да оди во двонеделен карантин. Тоа беше тежок удар за нив бидејќи за да го надоместат пропуштеното, мораа да играат дури седум натпревари само за 19 дена. Од 31 мај до 18 јуни Динамо одигра седум меча, а веќе задутре повторно имаат меч. Ова убиствено темпо е премногу и за тимови со далеку подолга клупа, а камоли за давеник во Цвајта.

- Оглас -

Најнови вести