Фудбалер на Јуве криел од родителите дека игра за првиот тим на Старата дама

Младиот фудбалер Џанлука Фработа (роден 1999 година), кој игра на левата страна и кого го споредуваат со Фабио Гросо, криел од своите родители дека ќе игра за првиот тим на Јувентус. Фработа сезонава има шест настапи за Јуве во Серија А, играше и во Лигата на шампионите.

Неговиот татко Ерколе раскажа како дознал дека син му настапил заедно со Кристијано Роналдо, Пауло Дибала, Џиџи Буфон и другите ѕвезди на Старата дама.

„Не ни кажа дека ќе игра против Сампдорија. Тоа го дознав кога го вклучив телевизорот. Тој знаел дека ќе игра, но молчеше. А, и да знаев, што можев да му кажам? Да биде мирен? Сигурно бил под голем притисок, но беше фокусиран“, вели таткото на Фработа.

Фработа беше член на младинските селекции на Болоња, а во Јуве дојде минатата година. Во претходната сезона играше за У-23 тимот на Јуве, а сега е во првата екипа. Уште има право да игра и за младата репрезентација на Италија, вчера настапи 45 минути во победата над Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести