Фудбалер на Реал Мадрид позитивен на Ковид-19, Зидан го боли глава

Лоша вест пристигна денеска за Реал Мадрид, а тоа е дека еден млад фудбалер е позитивен на ковид-19. Не се објавува името на заразениот фудбалер, но некои медиуми објавија дека станува збор за десниот бек на Кастилја (вториот тим на Реал), Серхио Сантос. Проблемот е што Сантос деновиве тренираше со првиот тим, па во Реал стравуваат за резултатите од последното тестирање пред мечот со Интер во вторник.

Реал игра ефикасно на последните мечеви, но Зидан нема ниту еден десен бек, повредени се Карвахал, Одриосола и Начо, се повреди и Лукас Васкес, чиј настап против Интер е неизвесен, па Сантос беше една од опциите. По резултатите на Сантос, тимот е во карантин и им останува да се надеваат дека младиот Сантос никого не заразил.

- Оглас -

Најнови вести