6.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Фудбалер со бокс „го издиша“ детето кое ги додава топките, а судијата му покажа само жолт картон (Видео)

Фудбалерот на Спартак Варна, Бразилецот Евандро, на денешниот меч со Ботев Пловдив, направи крајно неспортски гест, удирајќи го детето крај аут линијата, задолжено за додавање на топката. После ударот во стомак, момчето почна да се превиткува.

Во 79-та минута, при резултат 1-1, Евандро му се налути на момчето што високо им ја фрли топката на гостите пред да изведат аут, и го удри, а судијата на Бразилецот му додели жолт картон, иако веројатно и црвениот ќе беше оправдан.

Случката од 79-тата минута може да ја видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести