Фудбалер со македонско презиме растура на Фарски Острови

Српскиот фудбалер Урош Стојанов води на листата на стрелците по две кола во првенството на Фарски Острови. Стојанов, кој има презиме кое е карактеристично за источниот дел на Македонија, а е роден во Кикинда, на северот на Србија. Тој има 31 година, во кариерата играл за повеќе клубови, претежно од балканските простори, никогаш во Македонија, но сезонава се пресели на далечниот север на Европа.

Фуглафјордур има по една победа и пораз, а Стојанов даде вкупно три гола од стартот на сезоната, па сега е лидер на листата на голгетери. Интересно е што тој освен што е фудбалер, повремено работи и како градинар.

„Лесна е работата. Понекогаш косам трева или возам и пренесувам алати“, изјави Стојанов.

- Оглас -

Најнови вести