Фудбалерите на Баерн имале забелешки за тренерот Нагелсман, проблематични биле три работи

Фудбалерите на Баерн Минхен изразиле незадоволство од начинот на кој тренерот Јулијан Нагелсман менаџира со тимот на мечевите на кои имаат проблем и не им оди, но полека ситуацијата почнала да се подобрува.

Според пишувањето на германските медиуми, играчите имале три клучни замерки за шефот: неуспешна реакција на мечевите на кои не им оди, лоши измени и менување тактика среде меч, како и импулсивните реакции покрај аут-линијата.

Нагелсман разговарал со играчите и како прв чекор престана јавно да ги критикува своите фудбалери, а со добри резултати, веројатно и атмосферата ќе се подобри и нема да има незадоволство од тренерот.

- Оглас -

Најнови вести