Фудбалерите на Ливерпул незадоволни од тренерот Арне Слот

Ливерпул се соочува со сè поголема тензија, а атмосферата во соблекувалната е сериозно нарушена, јавуваат англиските медиуми.

Според информациите од Англија, незадоволството од работата на тренерот Арне Слот расте откако сезоната се претвори во една од најразочарувачките за клубот во последните години.

Црвените веќе го надминаа негативниот рекорд од ерата на Рафаел Бенитес по бројот на порази во една сезона (20), што предизвикало сериозно незадоволство меѓу играчите. Дел од фудбалерите сметаат дека раководството требало порано да направи тренерска промена.

И покрај тешката ситуација, Слот верува дека може да ја стабилизира екипата, но истовремено се појавуваат информации дека дел од лидерите во тимот се разочарани од настапите под негово водство.

Како потенцијален наследник се споменува Себастијан Хенес, тренерот на Штутгарт, кој одамна е следен од Ливерпул. Тој беше меѓу кандидатите и во 2024 година, кога клубот се одлучи за Слот, со цел да се внесе поконтролиран стил на игра.

Покрај Хенес, во опцијата за наследник се споменуваат и Андони Ираола од Борнмут, како и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести