Фудбалерите на Црвена ѕвезда ја славеа победата повеќе од самиот Ѓоковиќ (Видео)

По одржаниот тренинг, фудбалерите на Црвена ѕвезда останаа во соблекувалната на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград да го догледаат историското финале на Вимблдон. Тие во стил на најогнени навивачи го прославија победничкиот поен на Новак Ѓоковиќ во дуелот со Роџер Федерер.

На фудбалерите на српскиот првак утре им претстои битка со литванска Судува за место во следната фаза од квалификациите за Лигата на шампионите.

Голем интерес за тенискиот спектакл имаше и кај фудбалерите од италијанските екипи. Играчите на Лацио, Калјари и Болоња исто така без да трепнат го гледаа незаборавниот меч на Вимблдон.

Погледнете ја реакцијата на ѕвездашите по последниот поен на Ѓоковиќ:

- Оглас -

Најнови вести