1.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Фудбалерите си ручаа, а во ресторанот им влетаа навивачи и започна тотален хаос (Видео)

Фудбалерите на турскиот клуб Баликесирспор беа нападнати од нивните навивачи, и тоа додека беа на ручек по поразот од конкурентот во битката за опстанок, Ушакспор, од 0-2 во меч од Лига 2 црвена група, што е трети ранг на натпреварување во Турција.

На враќањето кон дома, играчите, стручниот штаб и членови на клупското раководство на Баликесирспор застанаа да јадат во ресторан во Акхисар во провинцијата Маниса, а тогаш пристигнаа нивните разлутени навивачи кои веднаш тргнаа во напад.

Некои од фудбалерите се криеја, други храбро се бранеа од насилниот напад, но во ресторанот беше хаос бидејќи летаа чинии и столици. Информациите се дека немало повредени, но има материјална штета во ресторанот.

- Оглас -

Најнови вести