Фудбалерите во Шпанија не местеле – Затворски казни само за челниците на Сарагоса

Судот во Шпанија донесе одлука да ослободи 36 фудбалери кои беа под истрага за местење на неколку натпревари, а најсомнителен беше мечот меѓу Леванте и Сарагоса игран во финишот на сезоната 2010/11.

Казнети се двајцата тогашни челни луѓе на Сарагоса, претседателот Агапито Иглесијас и спортскиот директор Хавиер Поркера со 15 месеци затворска казна за фалсификувани документи. Тие им давале пари на фудбалерите, дела на сметка, дел на рака, за да го наместат мечот, но според шпанскиот суд нема доволно докази за местење.

Поголемиот дел од фудбалерите веднаш ги вратиле парите, дел од играчите ги потрошиле, но не може да се докаже дека биле учесници во местанка.

Во целата игра има и доста познати имиња, како поранешниот селектор на Мексико, Хавиер Агире, потоа и сегашниот фудбалер на Лацио, Фелипе Каиседо, поранешниот репрезентативец на Еквадор, Џеферсон Монтеро, кој се уште игра и е член на Бирмингем. Меѓу тие што беа под истрага е и поранешниот капитен на Атлетико Мадрид, Габи, кој тогаш играше за Сарагоса, но сите се ослободени од обвинението, иако се бараше и затворска казна за нив.

Сарагоса со ваквата одлука избегна и можна преселба во понизок ранг, а ќе треба да плати 965 илјади евра парична казна.

- Оглас -

Најнови вести