Фудбалерките на Тиверија Брера го освоија Купот на Македонија

Тиверија Брера е победник на Купот на Македонија во женски фудбал. Во финалниот дуел што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, фудбалерките на Тиверија Брера ја совладаа Каменица Саса со 5-0.

Тиверија Брера покажа доминација и убедливо славеше во финалната пресметка. Бошеска беше двоен стрелец, а погодија и Галабовска од пенал, Никоовска и Паневска.

Фото: Тетовски спорт

 

- Оглас -

Најнови вести