Фудбалска фешта на „Ајброкс“: Првото овосезонско „Олд фирм“ дерби за Ренџерс (видео)

Актуелниот шкотски првак Ренџерс го доби дербито против Селтик со минимални 1-0 за продолжување на позитивната низа против вечниот ривал на шеста победа во последните седум меѓусебни дуели.

Фудбалската фешта на преполниот „Ајброкс“ чекаше за разврска до 66-тата минута кога Баришиќ изведе прецизен корнер, а Хеландер како највисок во скокот ја затресе мрежата на Келтите што беше доволно за домаќините да ја запишат третата победа во шкотското првенство по четири кола.

Статистичката доминација не му помогна на Селтик, па така по само четири лигашки натпревари шкотскиот гигант бележи учинок од две победи и исто толку порази.

Голот на Хеландер од 66-тата минута можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести