Фудбалска Србија во шок, почина некогашен соиграч на Христов и Треневски од Партизан

Шок и неверување владее во фудбалска Србија откако утрово ненадејно почина тренерот на прволигашот ТСЦ Бачка Топола, 49-годишниот Золтан Сабо. Човекот кој го однесе ТСЦ до квалификациите во Лигата на Европа немал корона-вирус и неговата смрт е тотално ненадејна, па затоа и шокот е толку голем. Најверојатно станува збор за срцев удар.

Сабо од 2017 година работеше како тренер на ТСЦ. Клубот го презеде како третолигаш, а стигнаа и до Суперлигата и до квалификациите во Лигата на Европа.

Како фудбалер, врв на кариерата имаше како член на белградскиот Партизан. Во црно-белиот дрес, тој беше соиграч со Македонците Ѓорѓи Христов, Виктор Треневски, Милан Стојаноски и Марјан Герасимовски.

- Оглас -

Најнови вести