Во спортот сме научени да гледаме нокаути, но најчесто тоа се на борачките терени. Овојпат еден неверојтно тешок нокаут се случи во бразилската Футсал лига. На дуелот меѓу Коринтијанс и Сао Карлос се случи една немила ситуација во која настрада гостинскиот играч Фернандињо.
По една борба за топка, еден домашен фудбалер толку високо ја подигна ногата и директно во лицето го удри Фернандињо. Фудбалерот остана да лежи на подот, па мораше да реагираат и лекарските екипи. Со мобилизиран врат и на носилки, несреќниот Фернандињо беше однесен во болница.
Интересно е што главниот судија на овој меч, на играчот кој го изврши бруталниот старт му додели само жолт картон, каков што заработи и еден од гостинските резерви кој втрча на теренот сакајќи да му помогне на беспомошниот соиграч.
Целата ситуација од неминиот настан може да ја видите на видеото, но по 40-тата секунда.