Фудбалскиот Болт чека да потпише за Манчестер јунајтед и ќе добие 17 пати поголема плата

Даниел Џејмс од Свонси би можел уште во текот на денешниот ден да го комплетира трансферот во Манчестер јунајтед. Играчот од средниот ред е желба на тренерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјер. За преселбата на „Олд Трафорд“, Манчестер треба да плати околу 20 милиони евра.

Играчот е посебно задоволен од условите кои му ги понудија во Манчестер. Неделната плата ќе му биде околу 75.000 евра, што е речиси 17 пати повеќе од тоа што досега го добиваше во Свонси (4.500 евра). Младиот 21-годишен Џејмс минатата сезона беше прекомандуван во првиот тим и не му требаше долго време за да се докаже. Во 33 меча, постигна четири гола, а имаше и девет асистенции, што е одличен биланс за играч од средниот ред.

Посебно впечаток Џејмс остави на дуелот од ФА купот против Брандфорд. Тогаш тој успеа да го претрча речиси целиот терен само за девет секунди и веднаш го доби прекарот „фудбалскиот Јусејн Болт“.

 

- Оглас -

Најнови вести