Фудбалско танго во Рим, Лацио го потопи Милан (Видео)

Лацио со два гола на Хоакин Кореа и еден на Чиро Имобиле го порази Милан со 3-0 и направи уште поголема мешаница на местата на табелата во Серија А кои водат во европските купови. Интер е убедливо прв и уште следнииот викенд може да ја освои титулата, но за останатите места ќе се води жестока битка во завршните пет кола.

Аталанта има 68 бода и засега е втора, а зад неа на трето, четврто и петто место се Наполи, Милан и Јувентус со по 66 бода. Лацио е шести со 61, но римските Орли имаат и еден меч помалку, кој ако го добијат, би дошле само на два бода од ЛШ.

Дека на Милан вечерва на „Олимпико“ црно му се пишува, се виде уште по првата минута и 17 минути игра, кога Кореа погоди за 1-0. Истиот играч си поигра со Томори и со соло акција зголеми на 2-0, а во финишот Имобиле го докусури немоќниот Милан.

https://twitter.com/i/status/1386773262894387202

- Оглас -

Најнови вести