Фудбалското шоу во Копенхаген урна многу рекорди

Шпанија и Хрватска одиграа незаборавен меч што заврши со победа на Црвената фурија од 5:3 по 120 минути битка во Копенхаген, а беа урнати неколку рекорди.

Дуелот што се одигра на стадионот „Паркен“ е најефикасен во историјата на Европските првенства со најмногу различни стрелци. Сите 8 гола ги постигнуваа различни фудбалери, со што е урнат рекорд на досегашните 16 шампионати.

Со победата од 5:3, Шпанците се нови рекордери, како единствена репрезентација во историјата на првенствата што постигнала петки на два меча по ред.

Во последниот меч од фазата по групи ја победија Словачка со 5:0, веднаш потоа во осминафиналето денеска ѝ дадоа пет гола и на Хрватска, учинок што е уникатен од 1960 година, кога се одигра првото ЕП.

Алваро Мората со голот во 100-тата минута за 4:3 стана корекордер на Шпанија со пет гола на Европските првенства, подвиг што го има остварено само уште Фернандо Торес.

Со голот на Мислав Оршиќ во 85-тата минута, со кој Хрватска намали на 2:3, урнат е и рекордот од 108 гола постигнати на претходното ЕП, што досега беше рекорд.

Моментно, на 10 меча до крајот на ова Европско првенство се постигнати 112 погодоци, што е апсолутен рекорд на сите 16 турнири што одредуваа која репрезентација ќе биде европски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести