Фуријата е подготвена за евентуален дуел со Бразил: Не се плашиме од никого

Еден од најискусните шпански репрезентатинци, Коке, во пресрет на можниот дуел со Бразил во четвртфиналето на Мундијалот во Катар изјави дека Црвена фурија не се плаши од никого.

Но, Коке во исто време предупредува дека четвртфиналето сè уште е далеку и дека репрезентацијата е фокусирана само на натпреварот против Јапонија во последното трето коло од групната фаза. Шпанија е прва во групата Е со четири бода, еден повеќе од Костарика и последниот противник Јапонија.

„Не се плашиме од никого. Имаме максимален респект кон сите репрезентации. Не размислуваме за тоа со кого ќе играме во четвртфиналето бидејќи не очекува натпревар против Јапонија кој мора да го добиеме, инаку сè може да се случи. Наша главна цел е да ја победиме Јапонија, а за потоа ќе видиме, одиме чекор по чекор. Доколку Бразил биде наш противник во четвртфиначлето, на тој натпревар ќе влеземе со најпозитивни мисли“, вели Коке.

Фуријата последниот натпревар во групната фаза ќе го игра на 1 декември, в четврток, против Јапонија.

- Оглас -

Најнови вести