Футсал велемајсторот Рикардињо со солзи во очите кажа – готово е! (Фото)

Најпознатиот футсал играч на светот, Рикардињо, денеска објави крај на својата репрезентативна кариера.

Рикардињо, кој има 36 години, на емотивен начин се збогуваше од репрезентативниот дрес. Тој со Португалија беше и светски и европски првак.

„Објавувам крај на циклусот, иако тоа многу ме боли. Се сеќавам кога почнав на 16 години, знаев дека ќе бидам со најдобрите, но не знаев дека патот ќе ми биде толку совршен. Ова ми е најтешка одлука во кариерата, но време е да им отстапам место на помладите, се надевам дека ќе ја разберете мојата одлука. Горд Португалец сум, ќе продолжам како навивач да ги бодрам момците во иднина“, изјави Рикардињо, кој не можеше да ги запре солзите.

Рикардињо од 2010 до 2018 година дури шестпати беше прогласуван за најдобар футсал играч на светот, неговите мајстории се прочуени.

- Оглас -

Најнови вести