Футсалците загубија од Норвешка, остана бараж како надеж за ЕП

Македонската футсал репрезентација загуби од Норвешка со 1:2 во клучниот меч од нашата претквалификациска група за настап на ЕП и ќе мора да игра бараж.

Имавме убава шанса за пласман понатаму во квалификациите, откако со голот на Крстевски во петтата минута водевме со 1:0. Но, Норвешка потврди дека е фаворит и со голови во 23. и во 38. минута направи комплетен пресврт.

Норвеѓаните ќе играат во квалификациите, а Македонија ќе мора во бараж, па евентуално за да продолжи во квалификацискиот циклус за настап на прво големо натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести