Галските петлиња не се силни како сениорите, Мундијалито за нив заврши

САД ја елиминираше селекцијата на Франција со победа од 3-2 во осминафиналниот дуел на Светското првенство за играчи до 20 години. Американците со овој триумф си обезбедија битка за полуфиналето против селекцијата на Еквадор, која вчера беше подобра од Уругвај со конечни 3-1.

Иако САД први отворија со погодокот на Сото во 25-тата минута, Гури и Алиуи до 55-тата минута го свртеа резултатот во корист на својата репрезентација. Таа предност траеше помалку од 20 минути, бидејќи Сото со вториот гол на средбата израмни на 2-2, а за победа на САД мрежата ја затресе Реникс во 83-тата минута.

Во исто време се играше азиската пресметка меѓу Јапонија и Јужна Кореја, а младите Корејци како и САД ќе играат во четвртфиналето по минималната победа од 1-0. Единствениот гол на средбата го постигна Ох Се-Хун во 84-тата минута, додека на Јапонците им беше поништен погодок на стартот од второто полувреме поради недозволена позиција. Јужна Кореја во четвртфиналето ќе се соочи со репрезентацијата до 20 години на Сенегал.

- Оглас -

Најнови вести