Орли и Црни ѕвезди сонуваат за реванш на два меча што се шлагери на Мундијалот во Катар

6793 Гана – Уругвај (СП Катар, 16 часот)

Долго, дури 12 години Гана чекаше на нов меч со Уругвај по неверојатниот нивен дуел во четвртфиналето на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година.

Тогаш целиот континент, Африка, навиваше за Црните ѕвезди од Гана, селекција што имаше шанса да биде првата од најсиромашниот дел на планетата која би играла полуфинале на СП.

Утнаа пенал за победа во 121-вата минута, последна од продолженијата, а беше досуден откако Луис Суарес играше со рака на гол-линијата и спречи чист гол за триумф на Гана.

Суарес доби црвен картон, Асамоа Гијан промаши од белата точка и потоа Уругвај на пенали го урна сонот на Гана и на Африка за прв полуфиналист од овој континент.

Сега пак ќе играат меѓу себе и пак мечот е важен бидејќи носи пласман во нокаут-фазата во Катар.

Гана е во подобра позиција со 3 бода на второто место и може и со реми да се најде во осминафиналето ако Португалија не загуби од Јужна Кореја.

На Уругвај му одговара само победа, а повторно адут им е Суарес. Има уште неколку играчи кои играа во незаборавниот меч во 2010 и кај Уругвај и кај Гана, што му дава дополнителен шарм на натпреварот на кој типуваме дека ќе има 2-3 гола.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

6794 Јужна Кореја – Португалија (СП Катар, 16 часот)

Јужна Кореа мора да оди на победа, но и да ја оствари против фаворитот Португалија нема гаранција дека ќе игра осминафинале.

Ако Гана го победи Уругвај тогаш Корејците немаат шанса за настап во нокаут-фазата.

Португалците веќе се пласирани во следната фаза во Катар, но не се сигурни дека ќе бидат први, што е значајно за тоа кој ќе им биде ривал во осминафиналето.

Европските Бразилци не смеат да загубат бидејќи во таков случај и со победа на Гана против Уругвај со два гола разлика го губат првото место.

Калкулации има доста, но на овој меч на теренот не смее да ги има, па очекуваме офанзивен фудбал и многу голови.

Предлог тип: 3+ (1.92)

 

1603 Бразил – Камерун (СП Катар, 20 часот)

Бразилците сè уште немаат примено гол, а како што ги одиграа првите два меча, изгледаат непобедливо.

Веќе се пласираа во нокаут-фазата, но и тие како и Португалците, во одредена варијанта и со пораз, а ако Швајцарија ја победи Србија со два или повеќе гола разлика, може да не бидат победници во Г групата.

Сепак, Бразил реално е голем фаворит против Камерун, па селекторот Тите може да си дозволи луксуз да им даде шанса и на резервите.

Камерунците имаат слаба одбрана, скромен среден ред и одличен напад и сè уште се надеваат дека можат до осминафинале.

Бразил е многу моќен, па се очекува напаѓачки фудбал од двете селекции со три или повеќе голови.

Предлог тип: 3+ (1.90) Супер тип на Sport Life

 

6796 Србија – Швајцарија (СП Катар, 20 часот)

Уште една жешка реприза нè очекува денеска, а по четири години пак меѓу себе ќе играат Швајцарија и Србија.

Во Русија на Светското првенство во 2018 година, Швајцарците со головите на Џака и на Шаќири направија пресврт во второто полувреме и со победа од 2:1 ја елиминираа Србија.

Голот за Србите го даде Александар Митровиќ, па тројцата стрелци, но и уште по 3-4 играчи на двете страни и сега ќе играат еден против друг.

Тогаш спорно беше и гестикулирањето на политичка основа на Џака и Шаќири, кои се Албанци по потекло, но играат за Швајцарија.

Имаше многу полемики, Швајцарците дури им забранија на своите репрезентативци да се впуштаат во политички провокации и да глорифицираат други држави, а Србите беа бесни.

Сега сепак не би требало да има толкави тензии, иако ривалитетот е голем, а победата е единствена сигурна гаранција за двете селекции дека ќе играат во нокаут-фазата.

Предлог тип: 2-4 гола (1.53)

 

1312 Гранада – Алавес (Втора лига Шпанија, 21.30 часот)

Гранада и Алавес лани заедно испаднаа од Ла Лига, а големи трагичари беа фудбалерите од Андалузија.

Гранада во последното коло не успеа да го победи Еспањол и со реми без голови остана покуса за бод од Кадис и испадна.

Алавес беше последен, а сега е прв во популарната Сегунда и најавува експресен камбек во шпанската елита.

И Гранада не е далеку од плејоф-зоната, а треба да биде макар шеста на крајот за да игра баражи за враќање во Ла Лига.

Секако имаат амбиции и директно да влезат во Првата шпанска лига и ако го победат Алавес денеска, ќе му се доближат само на шест бода.

Мечот е многу значаен, нема простор за калкулации, а во последно време Гранада и Алавес си дваат голови во меѓусебните дуели.

Предлог тип: ГГ (2.08)

- Оглас -

Најнови вести