Гатузо по неполн месец ја напушта Фиорентина?

Џенаро Гатузо кон крајот на мај беше назначен за нов тренер на Фиорентина заменувајќи го Бепе Јакини. Сепак, по неполн месец популарниот Рино би можело да си замине од Фиренца поради тоа што не е во добри односи со управата на клубот.

Италијанските медиуми тврдат дека има несогласувања меѓу Гатузо и претседателот Комисо околу градењето на екипата. Неколку имиња кои Гатузо побара да се доведат како засилувања, управата воопшто не сака да ги ангажира, а доколку не се смени ситуацијата, стратегот би можело да побара раскинување на соработката.

 

- Оглас -

Најнови вести