Гатузо се заканува со отказ доколку управата не му исполни трансфер-желба

Џенаро Гатузо минатиот месец беше промовиран во нов тренер на Валенсија, но има шанси оваа соработка за заврши уште пред да почне. Имено, управата засега не му ги одобрува трансферите кои ги посакува италијанскиот стратег, па Гатузо се закани дека ќе даде отказ доколку работите не се сменат во скоро време.

Чашата се прелеа откако челниците не му дозволиле на Гатузо да проба да го доведе Един Џеко на „Месталја“. Очајно му е потребен искусен голгетер, но годишната плата од пет милиони евра на Босанецот е неприфатлива за Лилјаците.

Претходно не му ги одобриле ангажманите на Единсон Кавани и Матео Политано. Во сегашниот тим на Валенсија недостасува квалитет, па Гатузо смета дека следната сезона нема да биде успешна за клубот доколку не го освежи составот.

- Оглас -

Најнови вести