Сопственикот чести за 20 илјади нови навивачи – Парагвајски гигант го купи Адебајор

Емануел Адебајор е подарокот за навивачите на Олимпија Асунсион од сопственикот на клубот Марко Тровато. Познатиот клуб од Парагвај само за една седмица има нови 20 илјади навивачи, а по тој повод Тровато вети и исполни дека во клубот ќе доведе познато фудбалско име.

Адебајор има 35 години, но сè уште може да игра фудбал на врвно ниво и во Олимпија повторно клупски колега ќе му биде легендарниот Парагваец Роке Санта Крус. Заедно настапуваа во Манчестер сити, а сега ќе играат за најпознатиот клуб во Парагвај, кој ја „брка“ 45-тата рекордна титула.

Новиот клуб на Адебајор има и три пехари од Копа Либертадорес и огромно реноме во јужноамериканскиот фудбал. Моментно е на петтото место, но со Адебајор ќе добие големо засилување во обидот повторно да се освои врвот и да се одбрани ланската титула.

- Оглас -

Најнови вести