Сопственичката на Лејкерс, сака да го продаде Леброн Џејмс?

Неуспешниот обид на Лос Анџелес лејкерс да го ангажира Ентони Дејвис е по вина на менаџерот Рич Пол и тоа може да биде причина 34-годишниот Леброн Џејмс да си замине од „езерџиите“, пишуваат американските медиуми. Пол му е агент на Џејмс и според сопственичката на Лејкерс, Џени Бас, откривал детали од тајните преговори на клубот со Дејвис.

Бас многу му се налутила на Пол, што почнала да размислува да се ослободи од неговиот клиент Џејмс, кој беше донесен како суперѕвезда, но наместо атак на титулата, сезонава на Лејкерс им е дебакл и најверојатно нема да играат ниту плејоф. Леброн се повреди во момент кога тимот беше шести на Западот, а потоа пропушти 17 меча на кои Лејкерс имаа 6-11 и веќе не успеаја да се вратат во посакуваниот ритам.

Сепак, поверојатна е варијантата Лејкерс летово да ангажира уште еден олстар-играч како поддршка за Леброн отколку да ја продаде суперѕвездата во која негуваа многу надежи дека може да ги врати на славните патеки.

- Оглас -

Најнови вести