Сопственикот на Олимпијакос им направи проблем на Топчиите: Дуелот со Сити е одложен

Дуелот меѓу Манчестер сити и Арсенал кој требаше вечерва да се доигра во рамките од 28-мото коло во Премиер лигата е одложен поради заштитни мерки против ширење на Коронавирусот.

Откако се потврди дека сопственикот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, е меѓу заразените од Ковид-19, медицинските експерти предложија да не се одигра оваа средба бидејќи наводно дел од претставниците на Арсенал биле во контакт со Маринакис за време на двомечот против Олимпијакос во Лигата на Европа.

Додека целосно не се испита можното заразување на персоналот на Топчиите, препорачано е овој дуел да се одложи за засега непознат датум, а наводно меѓу луѓето кои биле во директен контакт со Маринакис имало и фудбалери на лондонскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести