Катарските сопственици на европскиот шампион Пари Сен Жермен се подготвени да го купат белгискиот клуб Ојпен, објави „Скај спортс“. „Катар спортс инвестментс“ (QSi), предводена од претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, постигна договор за купување на Ојпен, кој е седми во втората лига на белгискиот фудбал.
Договорот, кој официјално треба да биде потврден, го доближува QSi до неговите цели да стане модел на сопственост со повеќе тимови, сличен на сопственикот на Манчестер сити, „Сити фудбал груп“, кој контролира мрежа на фудбалски клубови низ целиот свет.
Се очекува QSi да го зајакне управувањето со ОЈпен и да го прошири комерцијалното работење на клубот, а воедно да го подобри и развојот на неговата младинска академија.

