„Газпром“ им е спонзор, клубот е великан со 24 титули, но не доби прволигашка лиценца за идната сезона

Австрискиот гигант Австрија Виена повторно ги има истите маки од лани и повторно во прв обид не доби лиценца за натпреварување во Првата лига на Австрија за идната сезона 2022/23.

Клубот е великан во Австрија со 24 титули, а има одлично реноме и во Европа и едно финале во Купот на победниците на куповите.

Проблемот е што како и лани, не доставија комплетен финансиски извештај за да добијат лиценца, па беа одбиени од Австриската фудбалска федерација поради некомплетни документи.

Интересно е што нафтениот гигант „Газпром“ им е еден од спонзорите, а од таборот на Австрија Виена потврдија дека руската фирма останува како спонзор во клубот и покрај санкциите кон Русија поради војната во Украина.

Сега имаа уште една шанса, за 8 дена да поднесат комплетни документи за да добијат лиценца за натпреварување во Првата лига и идната сезона.

Австрија Виена има вкупно 61 трофеј во различен ранг на натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести