Генијален потег: Продадоа 125.000 билети за меч со невидлив противник!

Фудбалскиот клуб на Локомотива Лајпциг денеска се пофали дека го сруши клупскиот рекорд по бројот на продадени билети за еден меч. И тоа немаше да биде толку чудно ако не се работеше за период во кој речиси во целиот свет фудбалот е „замрзнат“.

Во Германија повеќе од еден месец нема фудбалски возбудувања, но Локомотива успеа да продаде над 125.000 влезници за дуел против невидлив противник закажан за 8 мај. Четвртолигашот симболично ги продаваше билетите по цена од едно евро, па успеа да биде срушен клупскиот рекорд од далечната 1987 година.

Пред 33 години, Локомотива играше против Бордо во Купот на победниците на куповите, а тогаш на средбата присуствувале рекордни 120.000 фанови. Сега тој рекорд е срушен, и тоа за меч против невидлив противник.

„Кога ја започнавме акцијата на 19 март, не ни можевме да замислиме дека олку брзо ќе ја надминеме бројката од 120.000 продадени билети. Во име на клубот, сакам да се заблагодарам на сите навивачи од целиот свет коишто дадоа свој придонес да се стигне до оваа бројка“, вели претседателот на Локомотива Лајпциг, Томас Луве.

Главната цел на Локомотива беше преку оваа акција да се соберат пари кои ќе бидат доволни за опстојување на клубот во ова кризно време во кое владее Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести