Германија и Хрватска заедно постигнаа 16 голови

Фаворитите едноставно немаа милост во квалификациите за Светското првенство. Германија, која беше првата селекција што обезбеди место на Мундијалот, го понижи Лихтенштајн и на дуелот во Волфсбург победи дури со 9:0.

Панцерите беа големи фаворити пред мечот, а работата дополнително им се олесна кога само по девет минути игра, гостинскиот играч Хофер доби директен црвен картон по бруталниот старт над Горецка.

Хрватска стигна до убедлива победа на гости кај Малта од 7:1. Коцкестите сега имаат 20 бода, два помалку од лидерот Русија, а во последното коло токму Хрватска е домаќин на Русија во меч кој ќе го одлучи директниот патник на Мундијалот и селекцијата која ќе игра во баражот.

Шпанија со голот на Сарабија победи минимално на гости кај Грција со 1:0 и сега е лидер во групата во која Шведска киксираше кај Грузија и загуби со 2:0. Во последното коло Шпанија, која има 16 бодови, дома игра против Шведска, која е втора и има бод помалку.

Резултати од денешните мечеви: Азербејџан – Луксембург 1:3, Грузија – Шведска 2:0, Русија – Кипар 6:0, Грција – Шпанија 0:1, Ирска – Португалија 0:0, Малта – Хрватска 1:7, Германија – Лихтенштајн 9:0, Романија – Исланд 0:0, Словачка – Словенија 0:0.

- Оглас -

Најнови вести