Германија и Јапонија дадоа три гола за 45 минути, но само еден се важи (Видео)

Германија води со 1:0 против Јапонија по првото полувреме во првиот натпревар од групата Е на Светското првенство во Катар.

Стрелец на голот беше Илкај Гундоган во 33-та минута и тоа од белата точка, откако судијата Бартон досуди пенал по прекршокот на јапонскиот голман Шуичи Гонда, над Давид Раум.

https://twitter.com/i/status/1595410361791954946

Германците имаа поголем посед на топката во првиот дел, но на стартот беа спасени од судиите.

Имено, Јапонците се одлучија својата шанса да ја бараат преку брзите контранапади и при еден таков во осмата минута, Маеда постигна гол, но судијата Бартон го поништи поради офсајд.

И Германија во последните моменти од првиот дел даде гол преку Каи Хаверц, кој исто така беше поништен поради офсајд.

 

- Оглас -

Најнови вести