Четирикратниот светски првак Германија е апсолутен фаворит во Е групата на Светското првенство. Освен Панцирите, во оваа група се и селекциите на Брегот на Слоновата Коска, Еквадор и дебитантот Куракао. Во ваква комбинација би било лудо да се очекува некој друг освен Германија да биде прва на крајот, но секако дека Еквадор и Брегот на СК имаат легитимно право да се надеваат дека ќе ја поминат групната фаза.

Делува неверојатно, но Германија на последните две Светски првенства беше елиминирана во групната фаза и завршуваше со најлоши пласмани на 22-рото и 17-тото место. Сега едноставно нема како Германија да киксне затоа што првпат и третата селекција во групата има шанси да оди во нокаут-системот, но факт е дека Панцерите во оваа конкуренција треба да се „прошетаат“ и да бидат први.
Со искусниот Мануел Нојер на голот, одбрана во која се Антонио Рудигер, Џонатан Тах, Нико Шлотербек…, Германија треба да има гранитна дефанзива. Средниот ред е најдобриот дел за оваа селекција. Тука се капитенот Џошуа Кимих, потоа Леон Горецка, Лерој Сане и Јамал Мусијала, додека во нападот адути треба да бидат Флоријан Вирц и Кај Хаверц. Едноставно, Германија има тим кој доколку ја задржи препознатливата челична дисциплина, може да се бори и за медал.

За Еквадор ова е петто СП, а од претходните четири, само еднаш ја помина групната фаза. Сепак, не се случило Мундијал на кој Еквадор нема барем една победа, а ако тоа продолжи и сега, многу веројатно е дека ќе одат во нокаут-фазата.
Капитенот Енер Валенсија со 49 погодоци е најдобар стрелец во историјата на националниот тим, а меѓу поискусните во составот кои треба да бидат лидери на теренот се и Мојсес Каиседо, Алан Франко, Анџело Преисијадо…

За Брегот на Слонова Коска ова треба да е историски турнир затоа што има шанси првпат да ја помине групната фаза. Во претходните три планетарни собири, оваа африканска селекција има биланс од три победи, едно реми и пет порази.
Во составот се искусни фудбалери, а најголем дел настапуваат во силни европски лиги. Главна ѕвезда треба да биде младиот 19-годишен Јан Диоманде, кој имаше блескава сезона во Лајпциг. Со над 100 настапи е капитенот Френк Кеси и тој треба да биде креаторот на играта.

За многумина непознатата земја Курасао испиша историја со дебитантскиот настап на завршницата на СП. Се работи за мала земја која во минатото била холандска колонија, па не е случајно што дури 12 од повиканите 26-мина фудбалери играат во холандското првенство.
Иако најголем дел од фудбалерите играат во европските лиги, сепак тоа се играчи од „втора класа“ и нема што да бараат во оваа конкуренција.

Тука се и комбинациите за тоа каков ќе биде конечниот редослед по трите одиграни кола, а најголеми шанси се даваат Германија да е прва, а Еквадор втор во групата. Целосната понуда за СП во Sport Life може да ја видите ТУКА.


