Германија нема многу време за тактизирање и чекање

Кипар – Русија (Фудбал, квалификации за ЕП 18.00 часот)

Русите се во серија од шест победи по ред, а на овие шест меча, петпати успеаја да ја зачуваат својата мрежа незатресена. Интересно е дека Русија е поопасна во вторите полувремиња. Во овие пет победи, трипати беше нерешено на полувреме, а во вториот дел го кршеа отпорот на ривалите. Во јуни, Русија дома го победи Кипар со 1-0, но овојпат би требало да има малку поголема ефикасност. Со победа или реми во Никозија, Русија ќе се пласира на ЕП 2020.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.25)

 

Естонија – Германија (Фудбал, квалификации за ЕП 20.45 часот)

Тука нема дилеми кој е фаворит и не треба да се размислува дали ќе победат гостите, туку со колкава разлика. После пријателското реми со Аргентина, Германија ќе сака да триумфира, а ако на „гаучосите“ им дадоа два гола во првите половина час, истото можат и во Талин. Треба да се знае дека Естонците не дале гол на седум од последните девет натпревари во евроквалификациите, а Германија редовно дава барем два гола.

Предлог ти: 2 & 0-29 мин. (1.50)

 

Словенија – Австрија (Фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Овие соседи кои се во група со Македонија, играат важен меч во кој според традицијата не би требало да има премногу голови. Австрија дома ја победи Словенија со 1-0, и има пет меча по ред без пораз. Словенците загубија во Скопје и си ги намалија шансите за второ место, но ако победат, ќе се вратат во игра. Иако ремито нема да им заврши премногу работа, особено не на домашните, некако најреално ни се чини дека средбата може да заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.05)

 

Велс – Хрватска (Фудбал, квалификации за ЕП, 20.45 часот)

Хрватите се поквалитетен тим, играат поефикасно, и не би требало да загубат од тимот кој го поразија со 2-1 пролетоска во Осиек. Но, Велс одигра нерешено кај директниот ривал Словачка, па ако победи против Хрватска, ќе се најде на делба на второто место со Словаците на две кола до крајот. Хрватите имаат напад и среден ред кој може да даде гол на секој меч, а и Велс на домашен терен може да погоди.

Предлог тип: ГГ (2.00)

 

Атлетико Паранаенсе – Фламенго (Фудбал, Бразил, 21.00 часот)

Фламенго е лидер на табелата, а и да загуби на ова гостување, нема да биде симнат од врвот, бидејќи има комотни пет бода предност пред Палмеирас. Ако тимот од Рио де Жанеиро победи, ќе се одлепи на осум бода и тешко дека ќе го стигнат. Атлетико е десетти, а има пет повредени и суспендирани кои нема да настапат вечерва на мечот во Куритиба. Фламенго од 4 август не знае за пораз на гости, но во лигашки меч, повеќе од 20 години не победил кај Атлетико. Прогнозираме дека барем едниот тим нема да даде гол.

Предлог тип: НГ (2.00)

 

Квотите на денот во обложувалниците Sport Life се:

Велс – Хрватска Х2 & ГГ (2.70)

Словенија – Австрија Х2 & 2-4 (2.40)

Полска – Македонија Т2 1+ (1.95)

- Оглас -

Најнови вести