Германија прва до четвртфинале на женскиот Мундијал

Женската селекција на Германија славеше со 3-0 над Нигерија во осминафиналето од Светското првенство за жени. Тие се првите четвртфиналистки на Мундијалот, а следни противнички ќе им бидат победничките од дуелот меѓу Шведска и Канада.

Германките во овој меч влегоа како апсолутни фаворитки, па тој статус го оправдаа уште во првите половина час игра. До 27-та минута веќе водеа со 2-0 со головите на Поп и Дабриц, за Шулер во 82-та минута да стави крај на сите дилеми.

Германија и петти Мундијал во низа стига до четвртфиналната фаза, но во 2015 и 2011 година тоа им беше максимум, додека на претходните два Светски фудбалски собири за жените, ја освојуваа светската титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести