Германскиот клуб сега е комплетен, го имаат и единаесетиот различен тим во нокаут-фазата во Лигата на шампионите (Фото)

Една од најуспешните фудбалски нации, Германија, комплетираше цел тим од 11 клуба што успеале да минат фаза по групи во Лигата на шампионите, а за тоа вчера се погрижи Ајнтрахт Франкфурт.

Орлите со победа на гости од 2:1 кај Спортинг се пласираа во нокаут-фазата како второпласирана екипа од Д групата и станаа 11-ти германски тим што го сторил тоа.

Во богатата лепеза од 11 различни клуба лидер е Баерн, екипа што има 6 европски шампионски круни и е трет на вечната листа.

With Eintracht Frankfurts win yesterday they are now the 11th German club to make it past the UCL group stages from soccer

Титули имаат и Хамбургер и Борусија Дортмунд, а учество во нокаут-фаза во ЛШ им се брои и на Баер Леверкузен, Шалке 04, Борусија Менхенгладбах, Волфсбург, Вердер, Штутгарт, Лајпциг и Кајзерслаутерн.

И сезонава на германските тимови им тргна одлично во Лигата на шампионите, па три од пет, Баерн, Борусија Дортмунд и Ајнтрахт веќе се пласираа во нокаут-фазата, а вечерва може да им се приклучи и Ред Бул Лајпциг ако не загуби од Шахтар.

Само Баер Леверкузен не успеа, па Фармацевтите ќе се преселат во Лигата на Европа, откако завршија на третото место во Б групата во ЛШ, зад Порто и Бриж и пред Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести