Германци дадоа три гола за Челзи, но Саутемптон на германски начин стигна до бод! (Видео)

Саутемптон непоразен се враќа од гостувањето кај Челзи, откако одигра 3:3, во меч кој имаше драматичен финиш. Лондонскио ттим одлично го започна мечот и водеше со 2:0 по неполни 30 минути игра. Тимо Вернер на два пати блесна и погодуваше за радост на домаќините.

Дека Саутемптон не е дојден само да се предаде потврди со голот на Ингс пред крајот на првиот дел. Гостите израмнија во 57 минута, кога киксираше одбраната на Челзи, а Адамс го искористи подарокот и погоди за 2:2.

Челзи повторно дојде во водство во 59 минута, со голот на Каи Хаверц, по асистенција на Вернер. Двајцата германски репрезентативци потврдија дека се вистинско засилување за тимот, кој сепак има многу проблеми во одбраната. Гостите притиснаа во последните минути и со голот на Вестергард во 92 минута стигнаа до 3:3 и бод на „Стемфорд Бриџ“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести