Германците го „растргнаа“ Флик по „срамната“ победа од 2-0

Долгоочекуваното деби на Ханси Флик како селектор на Германија не беше со дожд од голови, како што очекуваа многу Германци, па затоа по победата од „само“ 2-0 над Лихтенштајн (189-ти на ФИФА листата), новиот селектор е цел на многу остри критики.

Флик рече дека треба трпение и дека ги чека долг пат, а во Лихтенштајн бил направен првиот чекор. Договорот му е до 2024 година и од Флик се очекува да растура, како што тоа го правеше на клупата на Баерн Минхен.

„Зидојче Цајтунг“ пишува за „срамен меч” и додава дека Флик ќе сака да го „забрави ова деби“. Според „Кикер“, репрезентативците воопшто не изгледале опасно, а „Билд“ имаше наслов „Еуфоријата беше голема, разочарувањето е уште поголемо“.

„Фудбалерите не веруваат дека можат да дадат многу голови. Имавме шанси и требаше да бидеме попрецизни. На моменти немавме никакво темпо и не сум задоволен“, рече Флик.

Германија в недела во Штутгарт е домаќин на Ерменија, која во Скопје извлече 0-0, но против мотивираните Панцери ќе биде на големи маки.

- Оглас -

Најнови вести