Германците ќе играат без „Англичаните“ против Македонија?

Јоаким Лев е соочен со голем проблем пред стартот на квалификациските натпревари за настап на Мундијалот во Катар и веријатно нема да ги повика петмината репрезентативци кои настапуваат во Премиерлигата за дуелите со Исланд на 25. март, три дена подоцна со Романија и на 31. март против Македонија.

Тимо Вернер, Каи Хаверц и Антонио Ридигер од Челзи, потоа и Илкај Гиндоган од Манчестер сити и голманот на Арсенал, Бернд Лено се неизвесни за овие три дуели, ако остане моментната одредба во Англија за задолжителен карантин од 14 дена при напуштањето на земјата.

При враќањето во своите клубови сите петмина би требало да бидат во изолација, што е невозможна опција за Челзи, Манчестер сити и Арсенал, кои веројатно и нема да дозволат играчите што ги плаќаат да не можат да играат цели две седмици во април.

Лев веројатно ќе мора да бара чаре и да повика замени за англискиот квинтет, а Германците сепак имаат алтернативи за сите наведени играчи и остануваат фаворити за победа против Исланд и Македонија во Дуизбург и со Романија во Букурешт.

 

- Оглас -

Најнови вести