Гест за пример и пофалба: Дунга донираше 10 тони храна!

Поранешниот бразилски фудбалер и селектор, Карлос Дунга, организираше хуманитарна акција во Рио Гранде до Сул, и заедно со една група на пријатели, донираше 10 тони храна (зеленчук), и 2.000 пелени за загрозените од коронавирусот.

„Сакам да помагам. Убаво е кога ќе ги видите луѓето среќни, тоа е бесценето. Вирусот ми покажа дека треба да ги цениме малите нешта, и да покажеме заедништво. Треба да бидеме хумани. Сега е шанса да станеме подобри луѓе“ – вели Дунга кој од 2016 година е без работа.

Дунга беше капитен на бразилската репрезентација која во 1994 година ја освои титулата светски првак, а подоцна во два наврати (од 2006 до 2010 и од 2014 до 2016) беше и селектор на Кариоките.

Бразил е најгрозена земја во Јужна Америка од коронавирусот, има над 9.000 заразени и повеќе од 360 мртви.

- Оглас -

Најнови вести