Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија

Завршниот кошаркарски турнир во Купот на Македонија за 2019 година ќе се одржи во Гевгелија. Во периодот од 15-ти до 17-ти јануари, најдобрите осум македонски екипи ќе се борат за трофејот, а завршницата по три години, повторно се враќа во овој град. МЗТ Скопје беше екипата која го освои пехарот кога во 2016 година за првпат овој турнир се одржа во Гевгелија, во финалниот меч против Карпош Соколи.

Откако лицитацијата за домаќин пропадна, одлучено е Кожув и Блокотехна, во заемна соработка со МКФ, да бидат организатори на Купот, додека клубовите ќе треба да ги договорат деталите околу натпреварите.

Познати се и учесниците во четврт-финалето кои ќе се борат за пласман во завршницата, носители се бранителот на трофејот МЗТ Скопје, Работнички, Блокотехна и Гостивар, додека предизвикуваат Куманово, Фени индустри, Кожув и Охрид.

- Оглас -

Најнови вести