ГГ3+ фатена за половина час: Вилјареал поведе, Гриезман реши да ја потоне подморницата (видео)

Барселона води со 2-1 по првото полувреме на гостувањето кај Вилјареал, иако составот на Роналд Куман се најде во негатива по 26 минути игра.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1386330666233647104

Чуквуезе го украси со одличен гол од контранапад веќе интересниот меч кој се одвива на „Керамика“ стадионот, но водството на Жолтата подморница траше помалку од 120 секунди, бидејќи Гриезман веќе во следниот напад израмни на 1-1.

https://twitter.com/Yeshwajoe/status/1386330407139004416

Огромната грешка на младиот Фојт ги чинеше домаќините. Во обид да ја врати топката до својот голман, Гриезман го пресече додавањето и го сврте резултатот во корист на Каталонците на 2-1, а пред паузата францускиот офанзивец не искористи голема прилика да запише хет-трик.

https://twitter.com/goalshd123ore/status/1386332163885445124

- Оглас -

Најнови вести