Ги „уби“ Бугарите: Промаши две слободни, а потоа ја фати топката и погоди тројка за победа (Видео)

Босна и Херцеговина ја победи Бугарија во најдраматичниот меч одигран синоќа во европските квалификации за пласман на Светското првенство. Беше нерешено 73:73, а на 12 секунди до крајот, Џенан Муса беше фаулиран и имаше две слободни фрлња.

Муса ги промаши двете слободни, но одбиенатга топка повторно ја освоија кошаркарите на БиХ, а Муса иако промаши два „пенали“, повторно ја побара топката во своите раце.

Овојпат Муса се реши да шутира за три поени и не згреши. На 1,3 секунди до крајот, Муса погоди тројка за победа на Босна и Херцеговина од 76:73 и продолжување на шансите за пласман на Мундијалот, додека Бугарите испаднаа во квалификациите.

- Оглас -

Најнови вести