Гладбах им покажа на Реал и на Интер како се игра против Шахтар, бод за Атлетико во Москва

Борусија Менхенгладбах ја запиша можеби својата најголема победа во Лигата на шампионите, со убедливи 6-0 го размонтира Шахтар среде Киев.

https://streamable.com/0hzvf9

Она што Реал и Интер не можеа да го направат против украинскиот првак, делуваше прелесно за бундеслигашот, со оглед на тоа дека четири од шесте погодоци ги реализираа до 44-тата минута од првото полувреме. Плеа беше најрасположен, реализира хет-трик откако Французинот ја почна и ја заврши забавата на Олимпискиот стадион на десетина минути пред крајот на мечот.

Во листата на  стрелци уште се запишаа Бенсебаини и Штиндл, а Бондар додаде сол на раната и си постигна автогол.

https://streamable.com/0wvoss

Атлетико Мадрид мораше да се задоволи со бод откако ремизираше на гостувањето кај Локомотив во Москва при конечни 1-1. Во прилично возбудливиот дуел Јорганџиите први се заканија преку Хименес во 18-тата минута, но за помалку од 10 минути домаќините израмнија преку Миранчук од пенал.

Бројни шанси не беа искористени на двете страни, Русите воопшто не беа импресионирани од составот на Симеоне и беа одлучни да направат изненадување. На крајот поделба на бодовите беше најреален резултат.

 

- Оглас -

Најнови вести