Глупоста го чини многу: Кратко ќе трае авантурата на Родригес во Катар (ВИДЕО)

По сè изгледа, кратко ќе трае авантурата на Хамес Родригес во Катар. Колумбијецот пред неколку недели од Евертон се пресели во редовите на Ал-Рајан, но многу е веројатно дека тој вчера го одигра последниот меч за овој клуб.

Тој во поразот од Ал-Араби, во заввршницата тргна да се пресмета со судијата, а поради жестоките зборови и намерата, доби црвен картон, а според информациите, го очекува и голема казна.

Голема е веројатноста дека во јануари ќе следува враќање во Европа, но прашање е кој квалитетен клуб би го сакал проблематичниот Родригес, кој несомнено е дека поседува квалитет, ама однесувањето во најмала рака е дискутабилно.

- Оглас -

Најнови вести