Го чекаат да потпише за Барса, а тој си игра баскет во Мајами (Видео)

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гриезман, чија откупна клаузула од денеска вреди „само“ 120 милиони евра и се очекува кариерата да ја продолжи во Барселона, со која ги договори личните услови, добро се забавува за време на летниот одмор во САД.

Францускиот фудбалер ја посети салата на НБА-тимот Мајами хит, но не се ограничи само на обиколка низ спортскиот комплекс, туку и демонстрираше кошаркарски умешности против габаритен спаринг партнер.

Гриезман е висок около 175 сантиметри, но успеа добро да излезе на крај со својот висок ривал во игра еден на еден, а покажа дека има и мек шут и знае да погоди и од дистанца.

- Оглас -

Најнови вести