Го имаме најмладиот победник во последните 110 години

Колумбиецот Еган Бернал е победник на 106-тото издание на најпрестижната велосипедска трка Тур де Франс. На денешната, последна етапа, Бернал не дозволи изненадување и возеше во групата на најдобрите, со што ја задржа предноста во генералниот пласман.

На крајот, 22-годишниот Бернал со чаша шампањско позираше возејќи кон целта, а гледачите со аплауз го наградија овој негов подвиг. Бернал стана најмладиот победник на Тур де Франс во последниве 110 години, а трет најмлад во историјата на оваа трка.

Колумбиецот за првпат во петокот ја облече Жолтата маичка и успеа да ја задржи до крајот. Вкупно 3 366 километри тој ги извозе за 82 часа и 57 минути. По 21 извозени етапи, втор заврши клупскиот колега на Бернал, Герант Томас, кој заостана 1:11 минути зад победникот. Трет е Холанѓанецот Стивен Краусвајк со заостанување од 91 секунда.

 

- Оглас -

Најнови вести