Го користеа седум месеци, па го шутнаа: Барса го информира Дани дека нема да му дадат нов договор

Барселона го информирала најтрофејниот фудбалер на сите времиња, Даниел Алвес, дека веќе не смета на неговите услуги. Дани сам им се нудеше на Каталонците, прифати да игра за минималец, седум месеци даваше максимум, но клубот реши да не му даде нов договор.

Бразилецот, кој има 39 години, планира да остане во Европа и да биде во форма со цел да си добие место во репрезентацијата за Светското првенство во ноември и декември. Алвес има 42 титули во кариерата, но никогаш не бил светски првак и сака да има уште еден последен обид.

Барса на позицијата десен бек ги има Сержињо Дест и Серџи Роберто, а сака да го купи и Сезар Аспиликуета од Челзи, па Алвес не би имал шанса да игра.

Бразилскиот десен бек во Барса го носеше дресот со бројот 8, а во следната сезона осумката ќе биде на грбот на Педри.

- Оглас -

Најнови вести