Го напушти Баерн за да стане Милионер, па „удри“ по Баварците

Никлас Силе од вчера и официјално е нов фудбалер на Борусија Дортмунд. Германскиот репрезентативец по пет успешни сезони во дресот на Баерн Минхен се одлучи да прифати нов предизвик, а не чекаше многу да ја истакне вистинската причина што си замина од „Алијанц арената“.

Имено, Силе не бил почитуван во редовите на германскиот шампион.

„И покрај бројните успеси во текот на мојата кариера, никогаш не ја добив почитта која сметам дека ја заслужив. Во текот на преговорите со Дортмунд, клубот од почеток ми покажа респект и професионален однос“, истакна Силе.

Силе од Баерн замина како слободен играч, а пред пет години беше платен 22 милиони фунти за да го напушти Хофенхајм. По оваа изјава, ќе биде доста интересно првото „Дер класикер“ дерби меѓу ривалите во новата сезона.

- Оглас -

Најнови вести