Го оштети Роналдо, „наградата“ за тоа е отказ

Марио Дикс, линискиот судија кој не го призна регуларниот гол на Кристијано Роналдо во ремито од 2-2 меѓу Србија и Португалија во мундијалските квалификации е отстранет од арбитражниот тим на Дени Макели.

Дикс веше убеден во својата одлука дека топката не ја помина целосно гол-линијата, по што европскиот првак остана без триумф во Белград, а таквата одлука наштети на кариерата на холандскиот арбитер.

Макели го известил неодамнешниот колега Дикс дека ја прекинува соработката само неколку дена по репрезентативниот натпревар, па холандскиот судија ќе има нов помошник за идните настапи, меѓу кои ќе биде и делењето правда на претстојното Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести